Министерот за здравство Никола Тодоров, имаше повторно нервозен настап на денешната Комисија за здравство во Собранието на Република Македонија. Неговата нервозна реакција беше предизвикана заради пратениците од опозицијата кои го спомнаа скандалот со милионскиот тендер.
-Целта е да ми го нарушите кредибилитетот кој макотрпно сум го градел, затоа што се направени милион работи во здравството, кој порано не сте можеле да ги замислите. Зошто сте нервозни, зошто толку ме мразите, што лошо сум ви направил?! Бидете коректни – рече Тодоров на што доби одговор дека не се работи за омраза, туку интерес за тоа како се трошат
парите на граѓаните.
По ова Тодоров ја напушти салата, бидејќи како што кажа, мора да оди, но ќе се врати за половина час за да ја продолжи дискусијата.




