СДСМ бега од одговорите и бега од прашањата за Зоран Заев обвини ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на новите обвинувања на портпаролот Шилегов, за нови фирми на Ивона Талевска и Драган Павловиќ-Латас, на адресата Градски стадион бб, каде се наоѓа Сител ТВ.
-СДСМ не одговори зошто Зоран Заев излажал за вредноста на имотот кој што го поседува тој лично или неговото семејство.
СДСМ не одговори дали е криминал тоа што Зоран Заев во Општина Струмица им доделувал јавни набавки на својот татко, на својот чичко, на својот брат, на својата стрина, на своите братучеди и нивните бизнис партнери.
СДСМ не одговори зошто нивниот претседател Зоран Заев, едни суми ги кажува во своите јавни настапи, а други суми излегуваат како документи во јавноста.
СДСМ не одговори за уште десетици други прашања кои што директно се поврзуваат со скандалозни тендери, матни зделки и сомнителни трансакции со народни пари кои што спроведувал нивниот претседател Зоран Заев.
Ниту еднаш Зоран Заев и СДСМ не излегоа во јавноста да дадат конкретен одговор на овие прашања. Тоа говори дека тие се фатени во овие сомнителни и матни зделки и затоа се обидуваат со невистини и манипулации да го отргнат вниманието на јавноста од нивните големи скандали.
Ова говори дека во СДСМ не чуствуваат одговорност и потреба на граѓаните да им објаснат како е возможно нивниот Претседател да доделувал милионски суми од јавни набавки на свои блиски роднини и како возможно нивниот Претседател да ја сокрива својата и имотната состојба на своето семејство, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.




