Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ И УНС:Ќе направиме се, Зоран Божиновски да не и биде испорачан на Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on January 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 17:29


Македонското и српското здружение на новинари работат на тоа, новинарот Зоран Божиновски да не биде екстрадиран во Македонија. Тие сметаат дека не може да има екстрадиција, во ситуација кога нема обвинение за случајот. Два месеца по апсењето, Судот во Нови Сад се уште ги собира доказите и не одлучил дали новинарот Божиновски ќе и биде испорачан на Македонија.

-Чудно е што се бара екстрадиција, а нема обвинение. Згора на тоа, неубедливо е да се обвинува новинар за шпионажа, кога она што го пишувал било во рамките на неговите работни обврски. Се плашам дали воопшто судењето ќе биде правично и објективно во ситуација кога судот работи зад затворени врати, изјави за НОВА Насер Селмани претседател на ЗНМ.

Српскиот суд пред Нова година го продолжи притворот на Божиновски за нови 60 дена.

Судот ја чека документацијата од Македонија која сега била дадена на превод. Во меѓувреме
Божиновски побара политички азил во Србија. За семејството пак, оваа документација за која велат дека се засновала само на сослушувани сведоци, воопшто не е убедлива бидејќи немало материјални докази.

Неговата ќерка Ана утринава го посетила Божиновски во истражниот затвор и вели дека тој се чувствува добро, дека вербата не го напушта. Таа тврди дека татко и има голема подршка од српското здружение на новинари, а од ЗНМ воопшто не им се јавиле.

Ана Божиновска за НОВА изјави дека порталот ИН4С од Подгорица, каде што Божиновски е соработник го предложил за награда за животно дело во српското здружение на новинари.

На петицијата за негово ослободување во Србија досега има собрано 10 000 потписи.

-Немаме информација дали ќе биде екстрадиран, но ние се надеваме дека татко ми нема да и биде испорачан на Македонија, изјави во телефонски разговор за НОВА, Ана Божиновска.

За Божиновски МВР распиша меѓународна потерница за случајот Шпион, но јавното обвинителство ја прекина постапката, со образложение дека таа ќе продолжи откако ќе биде донесен во Македонија.

-Ќе направиме се Божиновски да не биде екстрадиран во Македонија. Како што застанавме зад новинарот Кежаровски, така работиме и за случајот на Божиновски. Веќе имавме средби со претставници на неколку институции кои што можат да имаат влијание, вели Селмани.

Според него, со случаите на Кежаровски и Божиновски притисокот врз новинарите е очигледен, а пораката е јасна бидејќи станува збор за новинари кои работеле осетлива проблематика во секторот, со полицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.