„Полицискиот час“ се скратува. Рестрикцијата за движење се предлага да почнува во 19 часот и да трае до пет часот наутро. Скратен „полициски час“, како дел од планот за релаксирање на мерките, е предложен и за деновите во викендот. Новата мерка би почнала во сабота во 13 часот и би завршила во пет часот наутро во понеделник
Предлогот за ново времетрање на ограничувањето на движење на граѓаните во работните денови. Овој предлог на кризниот штаб ќе биде доставен до Владата по предлог на епидемиолозите. Од извори од главниот кризен штаб ги демантираат објавите на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на ФБ, дека намалувањето на полицискиот час е на негово барање.
Изворои во Кризниот штаб брифира дека таквата одлука доаѓа после анализа и барање на Комисијата за заразни болести, а барањето утрово било презентирано на штабот од страна на министерот Филипче. Истите извори велат дека непосредно пред велигденските празници, Чулев на крзиниот штаб се залагал за заострување на мерките, жалејќи се дека полицијата не можела да се справи со ситуацијата.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.