НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Детска клиника 26 вработени во самоизолација-онкологија со 8 заболени и 20 во изолација

0
By Менче Атанасова Точи on April 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот Филипче рече дека радува фактот што расте бројот на излекувани пациенти, тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари.  Излекувани се вкупно 272 досега, а од нив најнови се 48, од кои шест  се лекувале во болница и 42  во домашни услови

Клиниката за онкологија до петок ќе биде подготвен новиот распоред за делење на терапија на пациентите по градови. На клиниката има 8 заболени медицински лица и 20 се во самоизолација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„Заврши инспекција на Клиниката за онкологија, каде има осум позитивни вработени и 20 што биле во контакт со нив се во изолација. Работата таму е во фунцкија и е направена реорганизација. До петок или до понеделник ќе има нов распоред за делење на терапија за пациенти во Штип и во Тетово, како најголеми центри, за да не патуваат до Скопје.

Вкупно 26 медицински лица се во изолација и на Клиниката за детски болести. Нема затворени одделенија, но намален е бројот на хоспитализирани пациенти.  Таму нема новозаразени влаботени. На оваа клиника заболени со КОВИД -19 се лаборант , медицинска сестра и докторка од одделот за имунологија, рече министерот.

Од денеска на Инфективна клиника на инфектолозите им се приклучи доброволно и кардиологот д-р Игор Палевски од универзитетската болница во Марибор, кој ќе волонтира во наредните две недели, а има големо искуство. Министерот Филипче се заблагодари за неговата поддршка.

„Тој познат кардилог и во наредните две недели тој ќе волонтира во земјава. Неговоиот придонес ќе биде од значење на тимот на Инфективната клиника и на пациентите“, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи со КОВИД-19, од кои 11 се во Скопје, девет во Прилеп,  тројца во Велес, по двајца во Куманово и Тетово и првпат еден дијагностициран во  Валандово. Во ГОБ „8 Септември“ почина 51-годишен пациент од Скопје, кој во болницата бил примен на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респиратот.

„Расте бројот на излекувани пациенти, тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари.  Излекувани се вкупно 272 досега, а од нив најнови се 48, од кои шест  се лекувале во болница и 42  во домашни услови, изјави министерот Филипче.

Во изминатото деноноќие направени се 660 тестови, а вкупно досега во земјава се направени 13 000 тестирања на КОВИД-19. Во врвот во регионот сме по направени тестови, а   уште повеќе ќе се скрати времето на чекање на резултатите зашто од вчера во функција е и лабораторијата во МАНУ.

Филипче соопшти дека Државниот санитарен инспекторат денеска го завршил увидот во Центарот за јавно здравје во Велес и утврдени се наоди, а утре ќе биде направен конференциски разговор со директорот и други вработени од одделенијата за да се одлучи како ќе се постапува понатаму.

Што се однесува до новите мерки, министерот Филипче рече дека тие се зајакнување на превентивните мерки, нагласувајќи дека е многу важно носењето прекривка на дишните патишта, со што се одржува линераниот пораст на пациентите. Тој нагласи дека 2 месеца имаме успешна борба со вирусот, на граѓаните останува да ги почитуваат новите мерки.

Министерот Филипче информираше и дека членовите на Владата кои беа на состанокот со Кризниот штаб во Куманово и кои сега се во изолација се уште не се тестирале за КОВИД-19 и дека се чека да поминат 7-8 дена кога е најдобро да се направи тест, по препораките на епидемиолозите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.