Published: Thursday, January 16, 2014 13:36
На Инфективната клиника починала средовечна жена од Велес, како последици на грип, која имала хронично белодробно заболување. Во меѓувреме, четири пациенти на скопската Клиника се во критична состојба, информира оттаму уредничката на НОВА, Менче Атанасова-Точи.
Во последните месец дена зголемен е бројот на заболени од грип, но според надлежните здравствени власти, состојбата не е алармантна и е под контрола.




