Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс оцени дека селективните абортуси претставуваат дискриминација и треба да се забранат.
Станува збор за селетивни абортуси на женски фетуси кои се применуваат во Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија. Овој вид на дискриминација е забележан и во Ерменија, Азербејџан и Грузуија.
Оваа дискриминирачка пракса произлегува од загрозената позиција на жените во општеството. Мора енергично да се бориме против оваа дискриминација и законски да ја забраниме, изјави Комесарот за човекови права на Советот на Европа.
Комесарот во оваа прилика ги потсетува земјите во кои се применува овој вид на дискриминација да се навратат на документите на Комитетот на ООН за елиминирање на дискриминација на жените како и на оние на Комитето на министрите на Советот на Европа со кои се забранува пренаталната селекција на полот.




