Шеесет и седумгодишна жена од Велес починала од грип од типот А Х3Н2, на Клиниката за инфективни болести. Станува збор за прв смртен случај со потврден вирус на грип во Македонија годинава. Жената починала од компликации од грипот, а имал хронична опстуктивна болест, срцева слабост, дијабетес и бубрежна болест.
Пациентката на Клиниката престојуваше два дена и како резултат и на други болести дошло до влошување, со нарушена свест, а грипот само ја влошил состојбата изјави директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ
Во моментот на интензивното оделение на Инфективната клиника, во тешка состојба, на апарати за дишење се четворица пациенти, вкупно се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип, додаде Миленковиќ.
Раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита Јованка Костовска изјави декадосега се регистрирани 1.941 случаи , а грипот зема се поголем замав.
– Грипот го зема замавот. Од направени 11 лабораториски анализи минатата недела, 5 се позитивни, а 4 од нив се од типот АХ3Н2 и еден е од типот АХ1Н1, така што воопшто не се знае кој тип на грип ќе преовладува. Лекувањето е исто, најважно е навремено и соодветно третирање на болеста, изјави Јованка Костовска.
Надлежните препорачуваат граѓаните кои се без хронични заболувања, од грип да се лекуваат во домашни услови, но состојбата внимателно да се следи. Доколку здравствената состојба не им се подобрува за три дена, треба да се даде соодветна терапија со лекот „тамифлу“. Посебно внимание треба да се обрне кај хронично болните лица со астма, дијабет, респираторни заболувања, бремените жени и децата од една до три години.




