Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Анестезиолозите прават се за болните на респиратори, тешката форма е смртоносна

0
By Менче Атанасова Точи on April 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 26, 2020 16:27

Во нашата држава, умираат речиси 100 проценти од пациентите  со КОВИД-19 кои што се ставени на респираторни машини. Во повеќе земји во светот се направени студии и некои од нив покажуваат смртност на респиратори од 57 проценти, некаде дури и 80 проценти, но има земји каде што и луѓе на 80 години се излекувале и станале од апаратите.

Постојат различни толкувања зошто респираторите не се погодни за болните од КОВИД-19. Некои од нив се дека предоцна се ставаат пациентите на респратор и нивните бели дробови не можат да го издржат налетот на кислород и дека тоа треба да се направи порано, а во некои земји дури се избегнуваат, а се оди со други начини да им се олесни дишењето. НОВА, го праша министерот за здравство Венко Филипче дали планираат да менуваат нешто во однос на протоколите на работа со респираторните машини, дали можеби ќе побараат техничка поддршка од странство.

„Пациентите кои се ставаат на респиратори се со многу тешка клиничка слика, тешка форма на болеста кога откажува мозокот, бубрезите, срцето. На Инфективната клиника има помош од лекари анестезиолози, дојде и кардиологот Игор Балески од Марибор кој ќе помага во наредните две недели. Има различни публикации во реномирани медицински списанија , секоја земја има свои искуства. Анестезилозите кај нас прават се што е во нивна можност. Во вторник ќе почнеме и со терапија со крвна плазма, ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, одговори министерот Филипче.

Министерот соопшти дека двајца пациенти се починати во последните 24 часа, едната е 49 годишна пациентка од Липково која била хоспитализирана на 3 април во ГОБ„“8 Септември“ со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и  73 годишен пациент од Скопје кој бил хоспитализиран на 19 април во многу тешка општа состојба. И во вчерашниот биланс се регистрирани двајца млади луѓе кои починаа од КОВИД-19, едниот на 36 годишна возраст, вториот на 25 години со Даунов синдром.

Вкупно 1.386 лица досега се дијагностицирани со КОВИД-19, а денеска има рекордни 126 излекувани пациенти, рече Филипче. Сепак, во дневниот биланс нема колку од заболените се починати, досега.

„Ова е највисока бројка на излекувани пациенти досега, 126 и досега имаме вкупно 500 илзекувани пациенти. Најголем дел од нив беа на домашно лекување, им благодарам на матичните лекари кои одлично ја завршија својата работа и се вклучија во лекувањето. Само 15 проценти од пациентите се хоспитализирани. Ова е добар модел на лекување кој го земавме од Германија“, изјави Филипче.

На инфективната клиника во Скопје се примени тројца нови пациенти, а во моментот се хоспитализирани вкупно 62. Пет од нив се поставени на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кислородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.

Во ГОБ „8 септември“ се примени шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика се пет пациенти, а на респираторна машина се вкупно седум.

Во Болницата во Битола се лекуваат седум пациенти од кои еден е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а на домашно лекување се следат уште девет и нивната состојба е стабилна.

Филипче рече дека во наредните две недели не планираат олабавување на мерките за хроничните болнии,а дека итните случаи секаде се примаат, во сите болници.

„Не доаѓа во предвид живото-загрозувачки пациенти да не се примаат. Хроничните болни ќе бидат одложувани во наредната недела-две, сега е рано за тоа и ние сме внимателни во тој однос. Особено што и медицинскиот кадар треба да биде на располагање за помош на Инфективната клиника“, рече Филипче.

Што се однесува до Клиничката болница во Битола, каде што и втор пациент кој на вториот тест се покажал позитивен и бил сместен во соба на интерното одделение, а по неколку дена е префрлен на инфективното одделение, директорката на ДСЗИ, д-р. Ирина Бухова Сотирова, тврди дека се почитувале протоколите.

„Тој бил сместен во посебна соба, изолиран, почитуван е алгоритамот. Секаде каде штое  носен бил со заштитна маска, а персоналот бил со заштитна опрема. Болницата во Битола одговара за прифаќање на пациенти заболени со КОВИД-19, има интезивно одделени и респиратори, се лекуваат до одеден степен, а кога ќе дојде до влошување пациентите се транспортираат на Инфективната клиника во Скопје“, изјави Сотирова Бухова.

Министерот Филипче уште потенцира дека тестовите од приватните болници кои се признаени од страна на Министерството за здравство не треба да се проверуваат уште еднаш. Донациите кои државата ги доби од повеќе земји се во Институтот за јавно здравје, а тестовите за испитување на антитела се во магацините на ресорното министерство и ќе бидат употребени за скрининг во Дебар и во други градови на државата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.