Катерина Синадиновска од „Капитал“ е првиот претседател на Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ)- првото тело за медиумска саморегулација. За заменик-претседател избрана е Ивана Костова од порталот „Телеграф“. Следната недела Управниот одбор кој го избра и претседателството ќе објави оглас за формирање Комисија за жалби, која чија задача ќе биде редовно да се состанува и да решава по однос на примените поплаки од граѓаните за известувањето на медиумите.
Членови во Управниот одбор, се Марина Домазетовска од МПМ како претставник на печатените медиуми, Билјана Трендафилова од МТВ, Ивана Костовска од „Телеграф“ како претставник на интернет-медиумите и Сашо Митановски од ЗПММ како претставник на регионални медиуми. По предлог на ЗНМ, Собранието за членови на Управниот одбор ги изгласа Исуф Кадриу од Алсат-М, Катерина Синадиновска од „Капитал3 и Драган Антоновски од интернет-порталот „Локално.мк“.




