Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондот ги намали цените на државните ПСР тестови за КОВИД-19, поскапеа приватните 

0
By Менче Атанасова Точи on April 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2020 10:31

Фондот за здравствено осигурување ја повлече донесената одлука за референтна цена од 3600 денари и донесе нова одлука со која новата цена на ПСР тестирање за КОВИД-19 ќе изнесува 1500 денари. Одлуката е донесена на Управен Одбор и во моментов се чека согласност од Министерот за здравство Венко Филипче, по што ќе биде објавена во Службен Весник, потврдија за НОВА од ФЗОРСМ.

Претходно, цената на ПСР тестовите изнесуваше 5500 денари, а во Фондот велат дека оваа цена била историска, дефинирана уште во 2013 година.

“Таа цена беше формирана пред избивање на пандемијата, во услови кога се вршеа мал број на тестови. Со избивање на пандемијата на КОВИД-19, стручните служби на Фондот, врз основа на анализа, ја ревидираа цената на здравствена услуга ПСР тестирање и беше денесена Одлука за нова цена од 3600 денари. Заради јавно достапните информации дека во приватните лаборатории оваа здравствена услуга се наплатува 1500 денари, Фондот ја повлече донесената одлука за цена од 3600 и донесе нова со која цената на ПСР тестирање за КОВИД-19 ќе биде 1500 денари“, велат во Фондот за здравствено осоигурување.

Од таму велат дека висината на цената на оваа лабораториска услугa која Фондот ја плаќа на сите здравствени установи со кои има склучено договор, е иста насекаде.

Во исто време, кога Фондот ја намали цената на ПСР тестовите во јавното здравство, приватните лаборатории драстично ги зголемија цените на овие тестови.

Иако започнаа со пониски цени, сега цените во приватните лаборатории се зголемија и ја достигнаа првичната цена која Фондот им  ја плаќаше на Институтот за јавно здравје и другите јавни установи. Ова особено, откога Министерството за здравство ги призна како валидни тестовите на неколку лаборатории, за кои посочи дека нема потреба да се повторуваат уште еднаш во Институтот за јавно здравје.

Така на пример, цената во лабораторијата на Биотек, од 1500 денари во март, сега се зголеми на 3950 денари и е јавно достапна на нивната веб страна.

И во клиниката Жан Митрев, новата цена на ПРС тестовите е зголемена на 3950 од првичните 1500 денари, а од таму информираат дека одредувањето на новата цена се базира на новите трошоци и на ценовникот на услуги препорачан од Фондот за здравствено осигурување.

Во соопштението на новната веб страна стои дека комисија од Министерството за здравство извршила неколку увиди во целосната работа на лабораторијата при што конечен извештај бил доставен до Фондот.

“Во најбрзо време се очекува нашата лабораторија да почне да функционира во мрежата на здравствени услуги на РСМ’, се вели во информацијата на нивната веб страна.

Од Фондот пак, велат дека се уште немаат  склучено договор со ниедна приватна лабораторија за тестирање на КОВИД-19 и немаат увид за висината на нивните цени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.