Комисијата за заразни болести работи на подготовка на повеќе протоколи за тоа како понатаму, кога ќе олабават мерките ќе се организираат крсеви, како ќе работат рестораните, училиштата и градинките. Овој концепт ќе биде презентиран на средината на мај , изјави министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.
На новинарско прашање како ќе бидат организирани свадбите, кога се планира да се отворат рестораните, Филипче одговори дека ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите и ќе се укаже да има дистанца и ќе се види кои од фирмите ќе прифатат тој концепт.
„Комисијата веќе подготви за разни курсеви, за јавниот превоз. Се работи на концептот за финкионирање на рестораните, училиштата и градинките, тие не се финализирани. Сите тие протоколи ќе се споделат со стопанските комори и секако дека некоја ситуација ќе бара модификација на протоколот. Засега сметам дека е уште рано за тоа, до средината на мај ќе го имаме концептот“, изјави Филипче.




