Продолжи собраниската седница за избор на нови членови на Комисијата на верификација на фактите.
Пратеникот на СНСМ, Драгиша Милетиќ повторно побара да се отворат сојузните архиви, зашто рече „денеска секој секого следи“. Според него лустрацијата не треба да запре, а опозицијата треба да учествува во процесот.
Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, истакна дека процесот на лустрација сам по себе е контроверзен. Тој потсети на трите важни работи за овој процес: прочистување, рехабилитација на жртвите и помирување. „Ние сме сеуште на првата точка“, рече Трајанов.
И вчерашната жестока дебата меѓу власта и опозицијата наместо на имињата на старо-новите членови се фокусираше на просецот на спроведување на процесот на лустрација.
Откако претседателот на Комисијата за именување, Илија Димовски ја повика најголемата опозициона партија да се вклучи во процесот бидејќи како што рече „ја носите одговорноста со неучеството и со тоа го губите правото да го критикувате процесот“.
СДСМ останува на ставот дека процесот на лустрација е дефектен и затоа не го поддржуваат. „СДСМ не ја дава поддршката бидејќи се злоупотреби и стана демонски циркус на власта“, рече Гордан Георгиев.




