НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А зошто би биле солидарни светите уставни судии?

0
By Биљана Секуловска on May 2, 2020 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голема бура се крена по одлуката на Уставниот суд да ја запре одлуката на Владата за минимална плата за функционерите, каде, се разбира дека се вклучени и тие.

Во целата бркотница, едно е јасно- не би било препорачливо, ниту соодветно да се оспорува врховниот авторитет и апсолутното уставно право на овој орган да ја држи во своите раце волјата на неприкосновен Бог над боговите, свети апостоли кои одлучуваат за нашите животи, за моралните акти, солидарноста, за емпатијата и човечноста.

Пред се, исклучиво тие имаат суверено право да го држат во свои раце светот, како неоспорен баланс да не се сруши сета правда која ја штитат,  благодарејќи на Уставот.

Воедно, само тие смеат и можат да ги спроведуваат највисоките и непроменливи закони, за кои, не само тие, туку и сите судски, правосудски, небесни органи не дозволуваат да се реагира, критикува, анализира и дебатира- најмалку за нивните постапки.

Оттука, нивно неприкосновено право е  да одлучуваат за најважната работа во време на апокалипси и катастрофи- тоа секако дека е исклучиво платата на уставните богови, со чија милост ние останатите, имаме право да живееме.

Последично, воведувањето на вонредната состојба наметна секакви забрани и ограничувања: правото на слободно движење, правото на образование, правото на гаранции на основните слободи и права.

Сепак, сите овие набројани слободи и права можат да се ограничат за време на воена или вонредна состојба, со исклучок на некои елементарни, кои се набројани во Уставот, меѓу кои е правото на живот. Иако неприкосновеното право на плата на функционерите не е споменато, тоа секако дека се подразбира и тоа е непроменливо, сметаат врховните команданти на вонредната состојба- уставните судии,  таа функционерска светост од која не можеме да бараме никаква милост за сите останати.

Конечно, би било крајно аматерски и дилетантски да се бара солидарност и понатаму, во најбогатите слоеви на општеството.

Сетете се на непростливата леснотија на имање идеали кај сите нас, да го издвојам на пример-професорот Фрчкоски. Тој во една своја колумна апсолутно греши кога смета дека во услови на вонредна состојба суверенот, во случајов Владата, според проценка за обемот и мерката, има право да го ограничи правото на сопственост. Исто така, прави неопростлива грешка во заклучокот дека таа сопственост подразбира создавање права и обрски, да  се служи за доброто на поединецот и заедницата. Професорот продолжува со својата наивност и сон за праведност кога смета дека социјално одговорно е од Владата со законска уредба дел од годишниот профит на банките (30%) да се пренамени и влее во фондовите за борба против пандемијата, особено за социјално загрозените граѓани.

Ви велам, нема потреба од солидарност, од морал, од добрина. Особено не од луѓето кои ги полнеа извештаите на Европската Комисија, Стејт Депатментот, итн., со нивните корупциски, криминални  акти, кршење и насилство врз законите, Уставот, правдата, правичноста, правата, слободите,  животите.

Ништо нам не ни треба од нив. Нека продолжат онаму каде што застанаа, нека го цедат и исцицаат и последното зрнце крв што ќе остане- за паметење и лекција во историските читанки- во што се претвориле, кога сето ова ќе заврши.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.