Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Кери- Венизелос: Со детали за името

0
By Нова ТВ on January 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 18, 2014 10:30


Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, по вчерашните средби во Вашингтон, изјавил дека на нив детално информирал за грчките позиции во спорот за името, јавува МИА.

Венизелост по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери и со неколкуте американски конгресмени, изјавил дека детално ги информирал за спорот за името и за следните чекори во Обединетите нации, и рекол дека врз Грција не се врши притисок за ова прашање.

Венизелос по средбата со Кери изјавил дека Грција, која во следните пет и пол месеци ќе биде претседавач со Европската Унија, ги поддржува интеграциите на соседните држави доколку тие ги исполнуваат потребните услови.

Во своите коментари по средбата со Кери, Венизелос најави дека за Грција, од регионалните проблеми кои се поврзани со неа, приоритет е статусот на Кипар.

Веднаш по средбата со Кери, пак, Венизелос даде изјава само на грчки јазик, но во неа конкретно не наведе дали разговарале за прашањето за името, туку само воопштено коментираше дека Грција ја поддржува европската перспектива на соседните земји, доколку ги исполнат своите обврски.

Тој не даде можност за новинарски прашања, но затоа брифираше дека на Кери му ги изложил грчките приоритети на претседателствувањето со ЕУ, дека говорел за грчката и европската економија, за американско-грчката соработка како сојузници и пријатели, за Сирија, за Балканот воопшто, и за Кипар.

Во изјавите пред средбата, Кери и` честиташе на Грција на преземањето на ротирачкото претседателство на ЕУ и најави дека САД ќе продолжат да соработуваат со земјата на нејзиното економско закрепнување.

„Знаеме дека беше мошне тешко, требаше да се донесат тешки одлуки, тоа никогаш не е лесно политички, но тие одлуки беа донесени и мислам дека ситуацијата се подобрува, чекор по чекор. Не само што сакаме да продолжиме да работиме на тоа, туку и на одличната соработка во однос на контратероризмот, Балканот, Блискиот Исток и редица прашања за кои имаме заеднички интерес“, рече Кери.

Грчкиот гостин оцени дека доаѓањето на чело на ЕУ е можност земјата да го покаже лицето надвор од кризата.

„Без соменение, главниот грчки национален проблем е кризата и националната реконструкција по ова мошне тешко исксуство со рецесијата и невработеноста. Но, на полето на надворешната и безбедносна политика, Грција секогаш е фактор на стабилноста за нашата област, за Западниот Балкан, за источниот дел на Медитеранското Море, и, врз оваа основа, служиме на истите вредности, истите гледишта, да помогнеме да се организира нашата натамошна соработка како пријатели и партнери“, рече Венизелос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.