„Локацијата за која говорат од СДСМ е оттуѓена според транспаретна и законска постапка, по пат на јавно наддавање на кое може да се пријават сите заинтересирани инвеститори кои ги исполнуваат условите и имаат намера на оваа локација исклучиво да градат хотел, а не било каков друг објект (трговски центар, станбени згради за продажба на станови итн)“, реагираше денска Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Огласот за продажбата на земјиштето беше јавно објавен на 16.12.2013 година на веб-сајтот на Министерството за транспорт и врски и во повеќе весници и тој траеше до 10.01.2014 година односно цели 25 дена.
– Постапката по огласот беше транспарента и траеше 25 дена и на огласот можеше да се јави секоја компанија која е заинтересирана да гради хотели. На огласот можеше да се јави и било која фирма, од многуте на Зоран Заев, на огласот можеше да се јави фирма и на Ристо Пенов или било која друга фирма или поединец која што е заинтересирана да инвестира во секторот на хотелиерството и да се занимава со хотелиерскиот бизнис, појасни Димовски.
Споре него почетните цени за отуѓување на градежното земјиште, кое е во државна сопственост на Република Македонија се утврдени со „Уредбата за начинот и постапката на отуѓување и давање под закуп на државно земјиште, сопственост на Република Македонија“ и истите почетни цени се различни во зависност од намената на земјиштето.
– Една цена е ако инвеститорот гради деловен објект, друга цена е ако гради станбени објекти индивидуални или колективни, трета цена е ако гради хотели, четврта цена е за други намени. Оваа уредба е во сила веќе четврта година и јавен документ кој е достапен на целата јавност.
– Целата ваква поставеност и политика е со намера да се стимулираат инвестициите во туризмот и во градежништвото. Би потенцирал дека градежништвото е сектор кој во минатата година порасна за околу 30% и претставува мотор на економијата во државата. Република Македонија во минатата година е помеѓу првите четири економии со најголем пораст во Европа, благодарение најмногу на градежниот сектор кој околу себе врзува уште 26 стопански гранки. Во таа насока државата спроведува и повеќе други политики како што се продажба на државно градежно земјиште за стамбени или индустриски објекти за 1 евро по метар квадратен, легализација на објекти по иста цена, намалување на ДДВ за продажба на новоизградени станови, поволни стимулации и кредити за купување на станови и куќи итн, ја објасни Димовски легитимноста на постапката на продажбата на земјиштетокај Веро кое беше продадено по цена од 71 денар по квадратен метар.




