НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина единствениот пациент со целосно вештачко срце во Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on May 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Престана да чука вештачкото срце во градите на 41 годишниот Исмет Хаџиу од Скопје. Тој починал, откако една недела бил во кома во приватната болница Жан Митрев каде што пред 14 месеци неговото срце му беше заменето со пластично.

Тој беше единствениот преживен пациент со ТАХ, од вкупно тројца, на кого беше направена оваа сложена операција, тука во државата. Живееше приклучен на батерии или струја, со придружна опрема тешка 7 килограми и чекаше да се отвори можност за трансплантација на срце. Иако знаеше дека рокот на траење на ваквото вештачко срце, кое е преодна форма до трансплантација е шест месеци.

Исмет Хаџиу дојде во студиото на НОВА, каде го раскажа својот живот и беше оптимист дека за него ќе се најде срце. Зборуваше како силното чукање на машината е присутно постојано, кога спие, се движи, се бања. Тропањето на вештачкото срце го слушавме и додека го водевме разговорот во емисијата ПРОЦЕС на НОВА.

Хаџиу беше еден од десетте пациенти на кои во приватната болница Жан Митрев им беше направена комплицирана интервенција, но беше единствен на кого му беше извадено срцето и наместо него доби комплетно вештачко. Останатите имаат вградено по една или две пумпи и исто така живеат со батерии.

Од здружението на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“велат дека уште еден пациент кој бил опериран во државната кардиохирургија исто така починал.

„На нас времето времето на живот ни е ограничено. Ако немаме поддршка од ФЗО и од Министерството за здравство добрата приказна, ќе стане лоша приказна. Ќе си заминеме еден по еден“, вели за НОВА, Даниел Тодоровски, претседател на здружението„Храбро срце“.

Во моментот во државата има над дваесттина пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце, десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце. Во државната кардиохирургија интервенција беше извршена на тројца пациенти, едниот почина. Двајца други кои се оперираа во Систина починаа, едниот од нив по една година од операцијата.

Има уште двајца млади пациенти кои се оперирани во странство. Тоа се 31 годишниот Кристијан Неделковски, кој е првиот пациент на кој пред 8 години му се вградени две пумпи во Берлин(БИВАД) и една 28 година девојка на која и е вградена една пумпа(ЕРВАД). Операцијата кај Кристијан чинеше 460 000 евра, тој денес живее со многу компликации, а рокот на вградените пумпи е 5 години.

Вештачко срце ТАХ во нашата држава чини 250 000 евра, а кај БИВАД(двострана пумпа на срцето) поединечна цена на секоја пумпа е 285 000 евра. Цената на трансплантација на срце во свет се движи од 85 000 до 100 000 евра.

Од ова здружение уште пред неколку месеци бараа да се започне со итна кампања за органодарителство, да може покрај бубрези тука во државата, со помош на странски лекари да се врши и трансплантција на срце. Велат дека поднеле и барање и до ФЗО за здравствени  пакети за овие пациенти бидејќи услугите постоперативно сами си ги плаќаат. Одговор не добиле.

Велат дека ФЗО им дозволи на приватните болници да прават вакви интервенции но, не ги покрива постоперативните трошоци, а тие се секоја недела на контроли, прегледи и преврски таму.

„Имаме по 8 батерии од кои една чини 1100 евра. Сите 8 ги менуваме на четири години, сами си ги плаќаме лековите, преврските, лабораториите. Тоа се од 20 000 до 25 000 евра трошок, таа година. Треба да има посебни здравствени пакети за секој пацинет. И ние сме осигуреници на ФЗО, цел живот сме плаќале здравствено осигурување и сега кога државата им ги плаќа вакви интервенции на приватните болници, треба да ги покрие и другите трошоци околу лекувањето. Па дали знаете дека ние сами си купуваме лековите, ги шверцуваме од странство“, вели Тодоровски за НОВА.

Овие пациенти бараат да се започне со постапка за трансплантација на срце во Македонија бидејќи како што велат, нивното време изминува. Пумпите кои ги имаат во градите се со ограничен рок на траење.

„Веќе три години има нов Национален координатор за трансплатанција, а постапката за типизација не е ни започната за во случај ако има срце за донирање ведаш да се бара на кого одговара.  Баравме од Министерството за здравство да се започне со кампања за органидателство, како и да бидеме присутни доколку се појави донор, да разговараме со семејството да не видат како ние живееме. Но, ништо од тоа“, вели Тодоровски.

НОВА објави неколку стории на оваа тема, а во февруари годинава во ресорното министертво рекоа дека годинава за прв пат трансплантацијата на срце е вклучена во Програмата  за трансплантација, а предвиден е и буџет за нејзина  реализација.

Од таму потенцираа дека се изработува софтверот и се подготовува Националната листа за трансплантација за срце по одредени параметри на која во моментов се наоѓаат сите пациенти од три медицински центри во државата( Универзитетска клиника за кардиохирургија, Клиничка болница Аџибадем Систина и Жан Митрев  Клиника).

Инаку, не постои можност пациентите кои имаат потреба од трансплантација на срце тоа да го направат во странство, а пресадување на срце во државата се уште не се врши.

Од Канцеларијата на Националниот координатор за трансплантација во Министерството за здравство објаснија дека националните системи се конципирани на тој начин што предност во трансплантацијата имаат само државјаните на земјите во кои таква  програма постои.  Истото важи и за членките на Еуротрансплант, а за да нашата држава се приближи до членство мора да исполни повеќе услови.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.