Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Секое собирање е сериозен ризик, може да го рашири вирусот и да не врати назад

0
By Менче Атанасова Точи on May 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 8, 2020 17:25

По масовниот собир вчера во Струга и по одлуката на ИВЗ да се отворат џамиите на 12 мај, Филипче утринава разговарал со поглаварите на ИВЗ и МПЦ  и побарал да се придружуваат до мерките за заштита од коронавирусот и да не се организираат верски собири

Нема да има посебни мерки за Струга по вчерашниот масовен собир при Литија за верскиот празник „Св. Ѓорѓија“  кога илјадници граѓани излегоа на улиците, не држеа дистанца и не носеа маски. Вака одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето на НОВА дали во овој град ќе има посебни мерки, особено што од тој регион имаше најмногу заболени со КОВИД-19, што преставуваше закана од пошироки размери.

„За Струга посебни мерки нема да има , дури ако трендот со нови заболени продолжи како и досега(исклучок е вчерашниот ден) ќе има олабавување на мерките и во овој регион. Но, ваков настан, ваков масовен собир кога и да се случи преставува сериозен ризик, вирусот може да се прошири и да не врати назад“, изјави министерот Филипче.

По масовниот собир вчера во Струга и по одлуката на ИВЗ да се отворат џамиите на 12 мај, Филипче утринава разговарал со поглаварите на ИВЗ и МПЦ  и побарал да се придружуваат до мерките за заштита од коронавирусот и да не се организираат верски собири.

„Сите мерки досега дадоа резултат, се уште се на сила мерките за забрана на групирање на повеќе од две лица.Разговарав со двајцата поглавари, особено по масовниот собир во Струга и одлуката на ИВЗ да се отворат џамиите на 12 мај. Апелирав до верските водачи да се почитува мерката, повеќе од двајца да не влегуваат во верските објекти, апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да држат дистанца и да носат задолжителна заштита на носот и устата“, изјави Филипче.

Министерот рече дека било каков собир надвор или внатре е потенцијална опасност, а особено внатре во затворени простории. Тој го осуди собирот во Струга во време на пандемија од коронавирусот и побара од инстутуциите да ги казнат организаторите.

„Тоа што се случи е непочитување на здравствените работници кои макотрпно работат, како и на граѓаните кои досега ги почитуваат мерките за заштита, затоа најострого го осудувам овој чин и барам од институциите да го казнат организаторот“, рече Филипче.

Останува отворено прашањето како по овој собир во Струга и особено по отворањето на џамиите на 12 мај во време на рамазанските пости и големиот празникот Бајрам, месец кој е многу важен за граѓаните од муслиманска вероисповед, ќе се задржи безбедноста на граѓаните по однос на заштитата на нивното здравје. Нејасно е и како може ИВЗ и ПМЦ, да се поставуваат над државата, која пак не може да ги фати организаторите на вакви собири и да ги казни.

Министерот Филипче, најави дека ќе се следи будно ситуацијата во Струга, но вчерашното собирање на верниците не може да влијае на плановите за олеснување на рестриктивните мерки, и како што рече, не може да се носат мерки кои ќе зависат од еден настан или случка. За овој случај Основното јавно обвинителство во Струга отвори предмет по допрен глас, по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи.

Филипче најави дека олабавувањето на мерките за територијата на целата држава ќе зависи од денешниот и утрешниот ден, кога ќе се носат одлуки, ќе се анализира бројот на нови заболени.

„Го чекаме утрешниот ден да видиме дали процентот на позитивни тестови е 5 процени како и досега и од тоа ќе зависи олабавувањето на мерките во нередната недела. Сега стратегијата ни дава можност за таргетиран пристап да се откријат асимптоматски случаи кај вработени во градинките, домовите за стари лица, медицинските лица во здравството. Така можеме да откриеме мали групи во најризичните институции и да видиме дали има заразени таму“, изјави Филипче.

На прашање на НОВА, какви ќе бидат меѓусебните контакти меѓу луѓето по олабавување на мерките, дали ќе има дружења, може ли да се посетуваат стари лица, хронично болни, министерот одговори:

“Постарите лица мора да бидат заштитени како најризична група и при тие посети треба да се почитува мерката за дистанца и задолжително носење на  маска бидејќи има асимптоматски случаи“, одговори министерот Филипче.

Тој нагласи дека Велес не е ново жариште како што беа Дебар и Куманово и дека таму се таргетирани групи, се знае кластерот на заразата, а со тоа може и да се контролира. Останува на сила и понатаму забрана за хроничните болни и бремените жени да не одат на работа, која работадавците мора да ја почитуваат, а инспекциските служби да интервенираат секаде каде што не се почутуваа оваа одлука.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.