Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крстот од Вардар по трет пат кај Даниел Дончевски

0
By Нова ТВ on January 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 19, 2014 12:58

Даниел Дончевски по трет пат го фати крстот во реката Вардар кој го фрли поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, по повод православниот христијански празник Водици.

– Настанот е почеток на сите почетоци и како вели свети Кирил Ерусалимски, размислувај за тој чин дека водата е почеток на светот, а Јордан е почеток на евангелието. Во целата човечка историја, Водици го чува и спасува благословот на живот и преку него Бог во потребно време ја чувал и спасувал вистината и за себе и за праведниците – рече г.г. Стефан.

Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе има среќа и благослов цела година. Во фрлањето по крстот беа пријавени околу 200 учесници, меѓу кои и едно девојче.

Учесниците веќе беа во водата уште пред поглаварот да го фрли крстот, додека траеше неговото пеење, иако свештниците им порачуваа да се вратат назад на брегот.

– Ве молам да излезете од водата. Сите до еден од водата. Ве молам сите да излезат од водата – ги молеше г.г. Стефан верниците.

– Попрво крстот ќе го спуштиме во казанот отколку во водава да го спуштиме. Ќе бидеме принудени крстот да го спуштиме во казанот кој што е овде. Во ваш интерес е да излезете надвор – им порачуваа свештениците, по што што архиепископот го фрли крстот на левата страна од реката, малку подалеку од учесниците.

До година подароците ќе бидат намалени за минимум. Света икона, во чест на крштевањето, а оние кои што имаат желба да се натпреваруваат ќе го добијат највредниот подарок, односно Исус Христос.

Организатор на манифестацијата е весникот „Нова Македонија“. Годинашен кум на манифестацијата е 26-годишната Ана Марија Вуковска, која за најсреќниот што ќе го фати крстот има подготвено пригодни подароци, плазма телевизор и икони од осветените места во Ерусалим.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.