Градежните активности за реконструкција на новата фасада на Владата започнаа минатата пролет, а веќе почнуваат да тсе наѕираат завршените делови од фасадаа и покрај тоа што работата на објектот е добро затскриена од љубопитните очи, со големи платна и тараби.
Задниот дел од зградата е веќе „претворен“ во барок. Старата влада од архитектонското дело на Петре Муличковски која сите ја познаваме може да се види уште од предната страна, но наскоро и неа ќе ја „голтне“ барокот.
Целата реконструкција чини околу 10 милиони евра, а идејното решение на архитектот Жарко Чаушевски и Филип Богатинов победи на онлајн анкета која владата ја распиша на нејзината веб страница.
Намерата да се менува ремек делото на Муличковски и тоа без негова консултација како автор предизвика многу контроверзи во стручната јавност, а и самиот тој реагираше велејќи дека обвиткувањето на владата во барок е исто како ставање очила на Мона Лиза.
-Не се цени тој поим да правиш копии, да се служиш со копии, тоа е исто како на Мона Лиза да и ставиш наочари. Луѓето не се разбираат ниту од проектирање ниту од ништо, не може секаде каде ке ви текне да сметнуваш згради без консултации, рече тогаш Муличковски.




