Средните училишта ги истакнаа списоците за екстерно тестирање кое ќе се одржи во среда и в петок. Околу 200 илјади средношколци од завршните години на огласните табли во матичните училишта можат да се информираат кои се двата предмети по кои ќе бидат екстерно тестирани.
Освен учениците, на тест ќе бидат и 2 900 наставници. Ова е само прва фаза, во која на матурантите ќе им се проверува знаење и тоа на половина од материјалот, а на крајот од годината ќе полагаат државна матура од целиот матријал. Останатите ученици од трето одделение до трета година средно училиште ќе бидат тестирани на крајот од второто полугодие.
Годинава тестирањето ќе биде според нов пристап,а надлежните тврдат дека за овој модел биле направени анализи на најдобрите светски практики.




