Published: Monday, January 20, 2014 08:18
Здружението на новинарите ја осуди пресудата со која се казнети за клевета новинарот Владо Апостолов и уредникот на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова.
Во соопштението од ЗНМ се вели дека судот при донесувањето на пресудата e обврзан да ги почитува одредбите на европската конвенција за заштита на основните човекови права и становиштата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Судот мора да има во предвид дека тужителот во овој случај, директорот на УБК Сашо Мијалков, е носител на јавна функција и дека Европскиот суд за човекови права има воспоставено принцип дека границите на прифатлива критика кон политичарите е поширока во споредба со приватните личности.




