Мининалната загарантирана плата до март 2016 година ќе се зголеми од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари, најави премиерот Никола Груевски на денешното обраќање пред претставници на синдикатите.
Минималната загаратирана плата како што соопшто Груевски ќе се зголемува постепено воп наредните две години. Првото зголемување ќе се случи во март годинава кога минималната плата ќе се зголеми на 8.800 денари. Според предвидената динамика во март 2015 мининалната плата ќе изнесува 9.500 денари и во март 2016 ќе го достигне предвиденото ниво од 10.080 денари.
Годинава вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување од 5 отсто од септемвриската плата, рече претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на денешното обраќање пред претставници на синдикатите.




