Започнуваме со регионално состаноци, соседните земји веќе најавија отворање на границите и многу е важно е да имаме координаран пристап, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. За таа цел , Филипче најави дека заминува на состанок со министерот за здравство на Грција, по што ќе следуваат и други состаноци со земјите од регионот.
„ЕУ изнесе пакет мерки со координиран пристап. И ние започнуваме со состаноците во Балканскиот регион, ќе заминам на средба со колегата во Грција, ќе разговараме за сите отворени прашања и подготовка на здравствените системи за новите пиковите и најважно за координација за отворање на границите и аеродромите, особено за коридорот север-југ, кој што е многу оптоварен со сообраќај кај нас“, изјави министерот Филипче.
Тој рече дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот така како што беше досега и тоа е процес кој ќе трае подолго време.
„Во однос на авиотранспортот, ова е многу легитимна дилема која сите ја имаат. Прво зависи од политиката што ќе ја водат авиокомпаниите, државите во однос на аеродромите. Како што се сега најавите, очигледно дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, па да има за кратко време пристап до аеродром, поминување на безбедносните процедури. Очигледно дека сега се најавите дека тие ќе траат повеќе време. Целта на состанокот во Атина е и за ова, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашување како во иднина ќе се одвива авиосообраќајот.
Министерот Филипче потенцира дека уште поважен кај нас е копнениот сообраќај. Потсети на големиот број наши граѓани кои патуваат и големиот број странци кои транзитираат и се задржуваат во нашата земја, онаму каде што може да се застане или неколку дена поминуваат кај нас.
“Имаме повеќе отворени прашања. Кои ќе бидат иницијалните ставови. Сега предвид доаѓа тестирање кое можеби е во важност неколку дена. Но, сепак не е гаранција, може да е некаква сигурност. Се поставува прашањето, кои резултати, чии резултати, какви тестови и колку време треба да важат. Понатаму, што ако околните земји имаат некаква друга политика. Верувам дека ова ќе биде една добра координативна средба за да се иницира понатаму и тој заеднички состанок на земјите во регионот. Министерот за надворешни работи е целосно во тек и на тоа ниво се разговара, и во земјите на ЕУ и на ниво на регионот“, рече Филипче.
Тој нагласи дека реакциите во јавноста во однос на патувањата на функционерите не се оправдани и појасни дека тие ќе патуваат само за состноци од ваков тип, организирани состаноци за да се координираат овие мерки за регионален пристап, што значи, рече Филипче, не може да патува било кој туку исклучиво за вакви состаноци.




