НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако Заев љубезно ги замоли

0
By Биљана Секуловска on May 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неверојатно е како некои политичари замислуваат дека функционира животот. Како тие сметаат дека може да се проголта еден цел политички систем, целиот организам на една држава, апаратот на кој секое штрафче му рѓосал одамна пред нашите очи.

Дополнително, лидерството со некои потези се распаднува дополнително, каков апсурд, незнаејќи притоа, дека тоа воопшто и го чини, трагајќи по добрите намери, губејќи се во фантазиите за тоа како треба да изгледа солидарноста.

Обидете се да ги слушнете изјавите на министерката за финансии Ангеловска и потоа и на лидерот на СДСМ, Заев- како администрацијата и нема за што да ги троши платите во време на Корона кризата и затоа сметаат и дека е логично нивното барање за намалување на нивните плати на 14.500 денари.

Секако, поаѓам од фактот дека и Ангеловска и Заев се доволно свесни и образовани за да знаат- дека бирократијата во оваа земја не може да се вметне во ниту една дефиниција на еден Макс Вебер.

Дека таа во едно зрело, демократско општество претставува  сржта, столбот на општеството, заради тоа што функционира низ вековите како непартизирана, независна, слободна од политичките влијанија и притисоци, но и од сопствените убедувања и преференци.

Нивната чест, вели Вебер, е способноста да извршуваат совесно и точно задачи и наредби спротивни на нивните убедувања, водени од сопствената етичка дисциплина, без која би се распаднал целокупниот апарат.

Затоа што, станува збор за “чиновници- стручњаци, кои не се бават со политика, туку управуваат, пред се непартиски. Sine ira et studio, значи без бес и пристрасност, наспроти лидерите и политичарите, кои нужно мора: да се борат. Партиската припадност, борбата, страста- ira et studium- се елементи на политичарите, пред се  на политичките лидери”.

Но, во случајот со македонската администрација, времето е застанато на сказалката на владеењето на груевизмот, кога станува збор за обемот, тромоста, неквалификуваноста и најголемата вредност- да се поседува партиска книшка, сеедно на која партија.

Двата спротивставени табори- на ВМРО и на СДСМ  ја имаат својата администрација закопана низ рововите, свртена една против друга, затоа што оваа Влада никогаш и не помисли да се ослободи од партиската гнилост на таа бирократија.

Вредносниот систем кој го воспоставила таа бирократија го моделира според нивото на сопственото пропаѓање, за да докаже дека ја нема онаа чест за која говори Вебер, наспроти лидерството, кое “честа ја мери низ сопствената одговорност за одлуките”.

Сепак, лидерите кои се согласиле на животот на оваа администрација, колку и да е партиски бучен, не можат, неразумно е и далеку од умот е, да говорат и за нејзино понижување. Така изгледа во случајов, кога говорат за нивните пресметки и калкулации за тоа со какви плати и со кои пари може да се преживее.

Еден ден, можеби Заев и ќе го отвори прашањето за етичноста на оваа администрација, за партиската припадност наспроти квалификуваноста, онаа чест која не ја споменува. Само тогаш тој ќе може да побара да почнат да ги враќаат сите досегашни плати и љубезно да ги замоли тоа да биде нивен доживотен придонес во солидарноста.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.