Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор пациент со КОВИД-19 тргнат од респиратор во ГОБ „8 Септември“

0
By Менче Атанасова Точи on May 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 18, 2020 15:21

43 годишен пациент со КОВИД-19 е тргнат од распиратор во ГОБ„ 8 Септември“, дознава НОВА. Станува збор за пациент од Тетово кој во тешка состојба бил примен во болницата и на респираторна машина бил поставен на 6 мај, се до 17(вчера) кога е ослободен од респираторната машина и почнал слободно да дише. Ова е втор пациент кој станал од респиратор во државата. До овој случај ниту еден од пациентите со коронавирус кои беа на респираторна машина не преживеа.

Информацијата за НОВА, ја потврди директорот проф. д-р. Христијан Костов. Тој објасни дека овој пациент бил примен во многу тешка состојба, со пневмонија и ренген снимка типична за болеста, со побелени бели дробови исполнети со слуз.

„Пациентот беше во многу тешка состојба, поставен на СИПАП маска(контролирана вентилација). Интубиран е на 6 мај, екстубиран на 17 мај. Тој се чувствува добро, земен му е брис и доколку биде негативен ќе биде префрлен на одделот каде што се негативните случаи и откога ќе се опорави ќе биде пуштен дома“, изјави за НОВА, директорот проф. д-р.Костов.

Овој успех е постигнат благодарение на целиот медицински персонал кој макотрпно по 24 часа се грижи за најтешко болните со коронавирс, потенцира директорот на оваа најголема болница во државата.

проф.д-р. Христијан Костов, директор на ГОБ “8 Септември“

Пациентот примал комбинирана терапија која им се дава на пациентите во зависност од индикациите, како и озонска терапија. Кога се разбудил, веднаш побарал да јаде и се чувствувал добро.

Досега, во Ковид центарот, 1о пациенти примале озонска терапија. Директорот проф. д-р. Костов вели дека озонирањето на крвта го правеле кај најтешко болните.

„Озонска терапија примија 1о пациенти, по 5 пати им е направено озонирање на крвта. Оваа дополнителна терапија ја даваме на најтешко болните. Ќе продолжиме и понатаму со озонска терапија, се снаоѓаме за материјали, имаме “, изјави проф.д-р. Христијан Костов, директор на ГОБ„ 8 Септември“.

Инаку , на 5 мај во оваа болница беше тргнат од респиратор првиот пациент (37 годишен)кој пред два дена по потврдените два негативни тестови си замина дома.

Во ГОБ „8 септември“ се примени седум нови случаи со КОВИД-19, а вкупно се хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се шест пациенти, со потешка клиничка слика се уште двајца. На одделот за интензивна нега каде што се наоѓаат најтешко болните, синоќа починале двајца пациенти.

Во моментот во болницата има 70 суспектни пациенти кои со температура биле примени како итни случаи заради други здравствени проблеми. Во болницата велат дека итните случаи не се враќаат, се оперираат или се интервенира во зависност тоа што е потребно. Од таму велат дека имаат пацинети со инфаркт, со абдоменални здравствени проблеми, фрактури. Операциите кои не беа итни беа ставени на чекање, но најавуваат дека се екипираат за да почнат да вршат и операции од елективна патологија, односно кои биле закажани.

Како што веќе објави НОВА, За околу една недела ГОБ „8 Септември“, ќе ги отвори амбулантите и ќе започне да функционира нормално со што ќе стави во служба на сите пациенти, не само со КОВИД-19, кога се очекува да бидат завршени сите технички зафати во делот каде што ќе биде префрлен центарот за КОВИД -19.

Со планот е предвидено инфективното и кожното одделение, кое сега е преселено, како и делот каде што беше дијализата, да бидат исклучиво за пациентите со коронавирус, а првиот спрат каде што порано се наоѓаше кардиохирургија на Жан Митрев, да биде интензивна нега за најтешко болните во која ќе има 20 респиратори.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.