Внатрешната контрола на МВР ја отфрли поплаката на новинарот Фуркан Салиу кој на 7 мај се пожали дека добил закани од припадници на обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Пораката е јасна, ви благодарам #МВРО ![]()
ОВККИПС, по целосно извршените проверки цени дека нема докази за непрофесионално и незаконско постапување и однесување од страна на полициските службеници ,овластените службени лица и други припадници од МВР.
Напоменуваме дека до овој момент Извештајот од ОВККИПС е потпишан само од помошникот на министер на овој Оддел , но не и од дополнителниот помошник на министерот согласно функционирањето на техничката Влада каде што е потребен потпис од двајцата помошници министри, напиша на својот ФБ профил новинарот Фуркан Салиу.
Тој на 7 мај известувајќи од прославата на Денот на полицијата се пожали на закани добиени од припадници на обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
За овој случај со реакција се јави и Здружението на новинарите на Македонија со осуда на односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на министерот за внатрешни работи.
Министерот Чулев вети дека Внатрешната контрола ќе го испита случајот.




