„Јас не сум тука како министер за надворешни на Грција овде, туку како претседавач со Советот на Европската Унија. Што се однесува за односот на земјата и ЕУ, таа има обврска да ги исполни криетримите од Копенхаген. Препрека за почеток на пристапот во ЕУ не е прашањето за името, туку прифаќањето на европските вредности и политичките критериуми од Копенхаген“.
Ова е одговорот на грчкиот министер за надворешни работи Венизелос, на новинарско прашање дали Грција годинава како претседавач со ЕУ, ќе направи некој вид на притисок врз земјите кандидати во однос кон Македонија и прашањето со името.
„Немојте само во тоа да не мешате ве молам“, изјави денеска во Брисел, српскиот премиер Ивица Дачиќ на новинарско прашање која ќе биде улогата на Србија во стабилноста во регионот, но исто така и придонесот во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
„Секако дека сакаме да се дојде до некое прифатливо решение во секој случај. Имаме доволно свои проблеми за решавање но драго ми е што мислите дека ние можеме да помогнеме“, одговори Дачиќ.




