Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ссе надева дека во наредните десет дена е можно да се постигне договор за датум за изборите. Во спротивно тој најави дека изборите ќе се одржат на 21 јуни како што предвидува владината уредба со законска сила.
Ако во наредните 7 до 10 дена не се постигне договор за датум за избори, тогаш тие ќе се одржат на 21 јуни дециден е лидерот на СДСМ Зоран Заев по вчерашната неуспешна лидерска средба. Датумот е одбран согласно рокот на вонредната состојба, но и роковите што ги давал Уставот и уредбата за избори. Се надвор од тоа, според Заев, би било неуставно одложување на изборите и можност резултатите да паднат на Уставен суд.
Заев смета не може да има бојкот на изборитe бидејки партиите поднеле кандидатски листи, туку само бојкот на кампањата. Очекува секој, вклучително и ДИК, но и претседателот на ова тело, Оливер Дерковски да го почитуваат законот, а во спротивно, рече ќе бара одговорност.
Во врска со изјавата на ВМРО ДПМНЕ дека на лидерската средба неговото барање за избори во јуни било осамено Заев рече дека освен ВМРО-ДПМНЕ сите дале поддршка за брзи избори.




