Published: Tuesday, January 21, 2014 12:29
Камерата на НОВА утрово го регистрираше чистењето на споменикот на македонскиот револуционер Васил Чакаларов, кој се наоѓа веднаш спроти Католичката црква во Скопје.
Ако само за овој споменик денеска беа ангажирани петмина работници, тогаш за бројните споменици од проектот “Скопје 2014“ ќе бидат ангажирани една војска добро обучени хигиеничари кои со специјална механизација ќе ги отстрануваат нечистотиите.
Се работи за 36 урбанистички содржини чие одржување, според пресметките, чини половина милион евра.
Минатата година Општина Центар се откажа од скапото одржување на спомениците од проектот Скопје 2014 кое го презеде Град Скопје.




