Нови судири помеѓу демонстрантите и полицијата на улиците во Киев, Украина. ЕУ повика за итно прекинување на насилствата откако во судири меѓу полицијата и антивладини демонстранти се потврдени три жртви.
Премиерот Микола Азаров пак, демантира дека одговорни за убиството биле полициските сили, бидејќи според него во текот на акцијата, тие не носеле огнено оружје.
Демонстрантите се собираат од изминатиот викенд во пркос на нови закони со кои се ограничува правото на протест.