Published: Friday, May 29, 2020 01:13
Црна Гора ги отвара своите граници од 1 јуни за граѓаните од сите држави во кои стапката на активни случаи на инфицирани од коронавирусот е помала од 25 на 100.000 жители. На списокот на држави за чии граѓани границите на Црна Гора ќе бидат отворени од 1 јуни е и Македонија.
“Ги отвараме нашите граници во согласнот со препоракоите на стручните тела со голем број на држави во интерес на граѓаните и бројните туристи кои ќе не посетат ова лето” изјави претседателот на Националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ.
Оваа одлука Владата на Црна Гора ја објави на својот твитер профил.
https://twitter.com/MeGovernment/status/1266092782818676736




