Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов бран на пациенти со Ковид-19 во ГОБ „8 Септември“

0
By Менче Атанасова Точи on May 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 30, 2020 09:57

Секоја ноќ по 10 до 12 пациенти со Ковид-19 завршуваат во ГОБ„8 септември“. Така е цела седмица. Напливот од пациенти започнал во неделата, a дури еден ден биле хоспитализирани 17 пациенти, одеднаш. Центарот за Ковид-19 кој е распространет на шест одделенија и зафаќа 60 проценти од болничките капацитети е полн со пациeнти, потврди за НОВА, проф.д-р. Христијан Костов, директор на болницата.

„Напливот од пациенти започна одеднаш во неделата и еве цела недела имаме нови пациенти. Секоја вечер возилата на Итна медицинска помош ни носат по 10 -12 пациенти. Не знам што се случува, многу бргу завршуваат на респиратор“, изјави за НОВА, Костов.

Вчера таму имаше вкупно 34 пациенти, на респиратор 8, a со потешка клиничка слика уште седум пациенти, како и уште 15 суспектни кои чекаа потврда за брисеви.

Суспектни има и психијатриски пациенти, пациенти за операција со фрактури, кардиолошки случаи. Костов вели дека напливот на пациенти го одложил дури и селењето на Ценатарот во другиот дел на болницата, а со тоа и започнувањето со нормално функционирае на болницата за другите пациенти.

„ Таман одлучивме да го префрлиме Центарот за Ковид во другиот, изолиран дел на болницата започна и напливот на пациенти. Ќе мора да го одложиме селењето, додека се смири стуацијата“, рече Костов.

Тој вели дека  медицинскиот персонал е преморен, особено на одделот за интензивна нега. Тие дежураат по 24 часа,по 4 часа се со целосна заштитна опрема, со скафандери, четири часа паузираат.

„Дојдоа 2-3 медицински сестри од Клиничкиот центар. Но, сепак вработените кои се постојано во битка за живот на луѓето, се многу изморени “, изјави директорот Костов.

Болницата во изминатите две години вработи 120 медицински сестри, токму поради недостаток од овој кадар. Осум одделенија беа затворени, а сега функционираат. Во болницата нема веќе медицински сестри кои работат по договор на дело, вели Косов, останати се само неколку лаборанти и физиотерапевти.

Од 10 март, од кога започна да функционира овој центар каде што е и тријажата, досега не е забележан толкав бран од нови пациенти.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.