Published: Thursday, January 23, 2014 11:08
На местото на Ванчо Каргов како директор на Царинската управа на Република Македонија е назначена Наташа Радевска Крстевска.
Каргов преминува на функцијата претседател на новоформираниот Инспекциски совет, кој е во состав на Владата, за што самиот тој поднел документи и се пријавил на огласот.
Тој застана на чело на Царинската Упрва во 2006 та година, како човек од доверба на премиерот Груевски.
Новата директорка на царината Наташа Радевска Крстевска, досега работела како шеф на второстепената комисија за предмети по жалба на УЈП при Министерството за финансии.




