Социјалдемократскиот Сојуз ја поздрави постигнатата усогласеност на изборниот законик. Според нас успеавме низ еден преговарачки процес со аргументирана дебата и дискусија, да усогласиме голем број на препораки од ОБСЕ и ОДИХР, рече во Собранието, пратеничката Цветанка Иванова.
– Единствена препорака која што не успеавме да ја усогласиме или за која што не разговаравме, за која што не ја отворивме во преговарачкиот процес е препораката за гласањето на дијаспората. Наш заеднички договор е истата да се третира и да се отвори од политичките партии во оној момент кога ќе имаме први наредни парламентарни избори.
– За нас и понатаму, иако го поздравивме овој процес, сметаме дека ова е само усен договор помеѓу политичките партии, кое што денеска ќе го претвориме со гласање во форма на закон.
– Како политичка партија сметаме дека ова е прв чекор кој што може да гарантира фер, изборен процес, меѓутоа од искуство знаеме дека и најдобриот законик не може да гарантира фер и демократски избори ако нема политичка волја кај оние коишто учествуваат во изборниот процес. И затоа политичките партии кои се на власт, коишто треба да спроведат избори ќе бидат на сериозен тест на првите наредни претседателски избори кои ќе се случат многу наскоро. И тогаш ќе покажат практично дали навистина она што како декларација сме постигнале согласност имаат политичка волја да го испорачаат, да го имплементираат на терен, рече Иванова




