Целокупната тендерска документација, за сите јавни набавки во Општина Струмица е објавена и проверена по неколку пати од институциите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, при што е констатирано дека јавните набавки се спроведени согласно законите, регира Општина Струмица откако денеска ВМРО – ДПМНЕ обвини дека фирмата на братучедот на Заев добивала тендери.
Објавената документација е достапна и за ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека исклучиво по законски процедури се склучувани договори со фирми, меѓу кои и бројни фирми на функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, регираат од општината.
Општина Струмица е пример како се работи законски, одговорно и во интерес на граѓаните. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во афери и скандали кои ја тресат нивната Влада, поврзани со наместени тендери, криење на имот, милионски злоупотреби на парите на граѓаните и корупција на медиумите.
„Нервозна од разобличувањето на коруптивното владеење на оваа власт и сопствената безидејност ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја покрие со повторување на едни исти лаги, едни исти прес конференции“, стои во реакцијата од општина чиј градоначалник е Зоран Заев.




