Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо на Раде Шербеџија до Горјан Тозија-Медо

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 3, 2020 10:37

Драг мој пријателе. Жал ми е што поминуваш низ сите овие каубојски напади по разно разните социјални мрежи и портали во Македонија и Хрватска, кои баш и не се така социјални и демократски и кои станаа тренд во последно време, а и начин да се пресметаат со ставовите на политичките неистомисленици.
Тоа е можност за сите оние анонимни и безимени луѓе кои се кријат зад параваните на малограѓанштината и со своето лицемерие сеат зло и лаги околу себе. Лично сум сведок на целата приказна која ја затече во Агенцијата за филм кога стана директор на таа институција. И сите знаеме дека се обиде и сеуште се обидуваш да ги спречиш скандалозните малверзации и грабеж.

Ми пишуваш, најверојатно длабоко потресен од стихијните напади кон тебе, па дури во еден момент размислуваше да дадеш оставка, дека ти е доста. Но, сепак се предомисли и ќе одиш во битка со нив до крај. Се разбира пријателе…Не треба да се предадеш…Они ја бараат твојата глава и сакаат засекогаш да те замолчат. Они не спомнуваат ништо за твоите залагања да се спречи извлекувањето на пари од Агенцијата за филм по основ на фиктивни филмски проекти кои никогаш не беа остварени…Они ги свртуваат темите на твоите политички ставови и секако при тоа измислуваат работи и зборови кои никогаш не си ги изговорил…Тоа е испробана тактика за сервирање лаги кои имаат за цел да извалкаат нечие име и неговите дела….Затоа те напаѓаат со сите оружја.

Но, ти нема да им се предадеш! Ти имаш многу пријатели и во Македонија и во Хрватска кои знаат кој си и што си, и сигурен сум дека нема да потклекнеш пред тие притисоци…Не може тоа да го направиш, конечно поради македонскиот филм кому повторно му даде вистински ветер во грб… А и треба да снимиме уште нешто со сјајните македонски филмаџии…Јас едвај чекам повторно да се дружам со сите вас во нашата убава Македонија и да снимиме сјајни филмови и да се дружиме во Меана Б, кај нашиот Перо и кај нашиот другар Чамо во Скопје, а и во Битола, Струмица и во Охрид…

Познавајќи те целиот свој живот, знам дека секогаш беше на страната на филмот, се бореше за филмот, но и за праведни и човечки односи во оваа наша професија. Твоите лични успеси во македонскиот филм, од нашиот заеднички филм “Before the rain” – “Пред дождот” со кој победивме во Венеција и на многу други фестивали, конечно добивме номинација за Оскар, па сé до овие најнови успеси кои ги постигна со македонските филмови, повторно добивајќи двојна номинација за Оскар што е доказ за твоето големо знаење и продуцентскиот талент.

Но, драг мој пријателе, не се сите луѓе со кои ја создаваме нашата уметност и се занимаваме со филмскиот занает, луѓе со добра волја…Секогаш се наоѓаат некои кои со своите постапки и дела прават работи недостојни за нашата уметничка професија…

Не сакам да ги коментирам твоите политички ставови кои ги пишуваш на своите приватни страници. Иако мислам дека секој човек во едно демократско општество може слободно да ги изразува своите мислења. Јас лично не би се впуштал во такви работи бидејќи не може човек со своите ставови да промени, ниту пак да вразуми вжештени поединци кои со своите постапки и изјави често ја преминуваат границата на добриот вкус и од потврдени националисти стануваат прави шовинисти, па дури и расисти кои што во 21. век промовираат фашистички идеи и пароли кои ова наше човештво и цивилизација ги завија во црно во Втората светска војна и убија милиони невини луѓе и деца.

Не можеш ти со своите приватни писма и ставови ништо да промениш освен што на себе си навлече омраза и хајка од сите оние кои на некој начин ги жигоса и ги критикуваше поради нивните десничарски ревизионистички ставови. Тие не се менуваат…Тие може само да се презираат, а времето ќе покаже дали ние сите заедно имаме доволно сила да се спротивставиме на такви ревизионистички политики и нашиот свет повторно да го донесеме во рамнотежа.

Меѓутоа, она што морам да го напишам јавно е дека не смееме и не можеме да дозволиме таквите поединци да се пресметуваат со тебе, поистоветувајќи се со хрватската држава и хрватскиот народ и поради твоите критички ставови кон нивните изјави или политички симпатии, да пропагираат дека ја презираш Хрватска и хрватскиот народ.

Познавајќи те целиот свој живот, знам сигурно дека ја сакаш оваа наша Хрватска речиси како својата родна Македонија. И сум сведок колку добри дела си направил и сеуште правиш за хрватскиот филм и за хрватско-македонското пријателство.

Па ти всушност заедно со Игор Нолa и останатите од твојата генерација филмски работници, по завршувањето на образованието во Загреб, ја заврши најважната филмска школа кај нашиот легендарен Бранко Лустиг и стана еден од неговите најдраги и најдобри ученици.
Па ти драг мој Медо, го направи она што тогаш беше невозможно, од Скопје да стигнеш на бродот Либертас кој заплови од Риека до Дубровник во својата мисија – прекин на војната и бомбардирањето на тој светол град. Тогаш снимаше и документарен филм за стравотиите и последиците од бомбардирањата и рушењата на уметничките вредности на Стариот Град.

Сето тоа, ние твоите пријатели го знаеме, и не можат тие ситни политиканти со своите лаги да ја променат вистината за тебе.

Секогаш ќе бидеш и ќе останеш наш пријател и еден од најдобрите филмски работници на ова наше поднебје.

Те сака и поздравува твој
Раде Шербеџија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.