Published: Friday, June 5, 2020 00:38
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашната емисија на 21 ТВ, Клик плус, изјави дека вработените во угостителскиот објект вчера не го предупредиле дека е забрането да биде во внатрешниот дел од кафеаната.
-Секојдневно се менуваат протоколите, затоа не ги знам. Јас веќе се извинив и ќе сносам одговорност – рече Мицкоски, додавајќи дека добро си поминал во кафана, каде, според негови кажувања, сите го поздравуваат.
Тој додаде дека додека ручал со пријателите, дошле голем број на припадници на МВР, што, според него, делувало како во објектот да се наоѓал терорист.




