Собранието на Македонија со 69 гласа за, шест против и ниту еден воздржан на денешното продолжение на 82. седница ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик.
Измените и дополнувањата беа донесени со консензус од сите политички партии и на власт и во опозиција. Во преговорите со свои предлози не учествуваше само ДПА.
Министерот за права Блерим Беџети образложувјаќи го предлогот рече дека тој е важен како од аспект на зачленувањето на земјата во ЕУ и за трансперентност на изборниот процес.
Според министерот за правда Блерим Беџети, со изгласувањето на измените се добива изборен законик кои ги исполнува препораките на ОБСЕ и ОДИХР и стандардите на ЕУ за фер и демократски избори.
– Ова е прв чекор кој може да гарантира фер изборен процес, меѓутоа, од искуство знаеме дека и најдобриот законик не може да гарантира фер и демократски избори, ако нема политичка волја од оние кои учествуваат во изборниот процес – рече Цветанка Иванова од СДСМ
– Донесувањето на овие измени се чекор напред без разлика што Македонија и во минатото имаше позитивни мислења околу организирањето на изборите, рече Александар Спасеновски од ВМРО- ДПМНЕ.
– Политичките партии во македонија покажаа политичка зрелост и знаат да процени како се водат процесите напред, изјави Ермира Мехмети од Дуи.
Против измените беа пратениците на ДПА кои тврдат дека не се гарантираат фер избори.




