НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири години голгота: ФЗО се уште и ја нема дадено одлуката за протези на Снежана Кaраџовска

0
By Менче Атанасова Точи on June 7, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Снежана Караџовска, жената на која и се ампутирани двете нозе по сообраќајна несреќа во Турција во септемри 2016 година и по шести пат може да ја испушти операцијата во Холандија бидејќи се уште не ја добила Одлуката за добивање на протези која поминала на Управен одбор на ФЗО, пред половина година.

“Решението за операција го добив и тоа откако го испуштив терминот за операција по петти пат, а Одлуката за протези не можам да ја добијам. Всушност, се требаше да биде во едно операција, протези и обука, но некој во ФЗО одлучил фактурата да се расцепка, да се подели. Но, и доколку решиле  двете одлуки да с е поделат, зошто не ми ги дадоа во исто време за да можам да одам да се оперирам и да ми ги стават протезите, со соодветна обука“, вели за НОВА, Караџовска.

Оваа жена, четири години лута низ лавиринтите на системот за да и биде одобрена операција со ставање на протези заедно со обука во Холандија бидејќи во државата сите можности се исцрпени, односно тука нема тим за операција и обука со соодветни протези.

Иако на Влада помина Одлуката за да и бидат одобрени 119. 000 евра за да може да го оствари своето право на лекување во странство, работата заглави во ФЗО. Со тоа Караџовска минатата година во октомври, по петти пат го испушти закажаниот термин во болницата во Холандија.

Работите добија во интензитет откако претходно,  во септември најави дека ќе штрајкува пред Влада, а тогашниот премиер Зоран Заев уште во јуни по нејзиното Отворено писмо и вети дека ќе и бидат одобрени средства за лекување во странство. Одлуката помина на владина седница на 4 октомври минатата година, а по честитките од владините функционери, од тогашниот директор на ФЗО, Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче, настана молк од сите страни.

Снежана Караџовска

Караџовска го доби само Решение за операција, но не и Одлуката за добивање на протези иако, како што вели, поминала на Управен одбор на ФЗО. Сега таа е на прагот да испушти уште еден, шести термин за операција во Холандија.

„Со тоа не само што го испуштив терминот за операција, туку и половина година се обидувам да дојдам до Одлуката за протези, која како што ми беше кажано до ФЗО е донесена на 11. 12. 2019 година. Не знам зошто заглави работата. Важноста на оваа одлука е до 11.06. 2020 година, повторно ли треба да испуштам термин за операција“, прашува Караџовска.

НОВА, цела седмица чека одговор од Фондот за здравствено осигурување, зошто Караџовска се уште не ја добила одлуката, Решението од Управен одбор на ФЗО од 11.12. 2019 година, со кое треба да се одобрат средства за протези. Истите прашања беа испратени и до министерот Венко Филипче, на што добивме одговор дека е договорено ФЗО да ги проследи и да одговори.

На 3 ти јуни новиот директор на ФЗО, Миле Сугарев испати е-маил во кој вели: “Почитувана, веќе е во процес изготвување на одговор на Вашето барање. Во најкраток можен рок ќе  добиете одговор на Вашето барање“

Од тогаш до објавување на овој текст нема стигнато никаков одговор од ФЗО, ниту се има јавено директорот Сугарев.

Миле Сугарев, директор на ФЗО

Нема одговор ниту кој и зошто ја кочи работата во ФЗО и зошто се игнорира  одлуката донесена на Влада, на Снежана Караџовска да се и одобри операција, обука и протези во специјализирана здравствена установа во Холандија.

Снежана четири години се бори со државата да и даде можност да прооди. Таа живее врзана за својата инвалидска количка, а со протезите кои и биле дадени претходно, не може да направи ниту чекот бидејќи, како што вели, не се соодветни за неа, а ниту некој во фазата на лекување и физикална терапија ја научил да оди со нив.

„Кога ми ги дадоа протезите бев пресреќна, мислев ќе можам да одам со нив. Но, во Заводот за рехабилитација само ме гледаа и не знаеја да ми ги стават протезите, ниту да ме научат да одам, како да станувам и седнувам. Физикалната терапија траеше само 15 дена, а за случаи како мене треба најмалку шест недели вежбање. Ги прашував лекарите дали проодел некој досега кај нас со две ампутирани нозе, не знаеја што да ми кажат. Видов дека никој нема да ми помогне, па започнав да барам лекари од странство да ми кажат дали во мојот случај е можно проодување. Така стапив во контакт со болница во Холандија, каде со зафат наречен осеоинтеграција, луѓе со две ампутирани нозе над колена можат да одат“, раскажува Караџовска.

Караџовска се надева дека од понеделник конечно ќе ја добие одлуката од Управен одбор на ФЗО со која и се одобруваат средства за протези во болницата во Холандија и така со двете Решенија ќе може да оди во болницата во Холандија. Останува да се види, дали ќе заврши четиригодишната голгота и борба со институциите на системот на жената која од инвалидска количка ја бара правдата и се обидува да го оствари своето право на лекување и да прооди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.