Градоначалникот на скопската населба Аеродром, Ивица Коневски е избран за најуспешен градоначалник во Скопје за 2013 година.
На второто место, според анкетата што ја спроведе „Скопјеинфо“, се наоѓа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на третото место е Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода.
Прогласувањето на тројцата најуспешни градоначалници во Скопје го организираше порталот „Скопјеинфо“, а во изборот за најуспешен градоначалник учествуваа 25 илјади граѓани.
Претходно градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски преку отворено писмо им се заблагодари на поканата на организаторите да присуствува, но напомена дека не учествува на манифестации каде се изигрува вољата на граѓаните.
„Со задоволство ќе ја прифатев поканата, без разлика на исходот од гласањето, бидејќи целта на вакви анкети ја гледав во можноста граѓаните да ja оценуваат нашата работа, но и за размена на искуства со колегите-градоначалници“, се вели во писмото на Жерновски.
Но според него, уште од самиот почеток на гласањето, во јавноста се појавиле сомнежи во веродостојноста на резултатите, и поради тоа што некои медиуми посочија со докази дека гласањето во одреден период беше прекинато, вели не е дозволено такво нешто при спроведување на вакви анкети.




