Од новите кластери во општина Центар веќе има заболени од дружбите во кафеани по олабавување на мерките, од дружења и групирања и непочитување на мерките во затворен простор, информира на денешната прес-конференција, Арбен Зибери директор на Центарот за јавно здравје -Скопје.
„ Имаме заболени во општина Центар од дружбите по кафулиња и заеднички групирања кога не се почитувале мерките за заштита. Бројот на заболени се зголемува бидејќи не се почитувале мерките во затворени простории не се носеле маски, не се држела дистанца. Позитивни случаи има и во фирми и јавни институции, како УЈП, Трудова инспекција, ДСЗИ,како и четворица заболени во Центарот за јавно здравје, двајца епидемиолози и двајца техничари“, рече Зибери.
Тој посочи дека најмногу активни случаи со Ковид-19 во Скопје во моментов има во Чаир- 162 случаи, Бутел – 63, во Гази Баба – 61, во Аеродром – 57, во Сарај – 56, во Карпош – 45, во Кисела Вода – 35, во Арачиново – 23, во Студеничани – 19, во Илинден – 18, во Ѓорче Петров – 20, во Шуто Оризари – 17, во Петровец – 6, во Чучер Сандево – 3, во Сопиште – 2, а во Зелениково нема ниту еден дијагностициран.
„Во првиот бран имавме 20 кластери, сега имаме 41 што значи двојно е зголемен бројот на кластери. Сите имаат поврзаност меѓу себе. Активните случаи се во Чаир и Центар, а 90 посто ги сочинуваат 20 кластери. Од сите активни случаи на територија на Скопје, многу важно е да се напомене дека 65 отсто од заболените, односно 360 лица се асимптоматски носители на вирусот, изјави Зибери.
Зибери нагласи дека 65 посто од сите случи се поврзани со познати кластери, а 60 проценти се асмтоматски што е многу опасно бидејќи ја шират болеста и без да знаат дека се позитивни. Во Скопје 3500 луѓе имаат решнија за самоизолација, односно заради контакт за заболен. Тој ги наведе и позитивните слуачи во домовите за стари лица.
„Во Геријатрија „Мајка Тереза“, има еден позитивен, еден и во домот„Жана“, додека во домот „Руски“ во двата објекта имаат две штитенички и тројца вработени“ рече Зибери.
Од вкупниот бројот за заразени, во Скопје се регистрирани 1332 случаи и 40 починати.




