По изјавата на заменик-претседателот на грчката влада и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос пред францускиот Сенат минатата недела, дека грчките позиции и тие на албанската заедница во Македонија со согласувале, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби за НОВА изјави дека ставовите и политиките на ДУИ во врска со прашањето за името се јавни и транспарентни.
– Транспаретни се нашите ставови, каква што всушност беше и кампањата на претседателот на партијата Али Ахмети од Вашингтон до Брисел. Ние се залагаме за што е можно поскоро постигнување на компромисно решение помеѓу двете страни, со посредство на меѓународната заедница.
Сметаме дека последниот предлог на посредникот Метју Нимиц кој не задира во идентитетот и јазикот на македонската заедница како и го содржи името Македонија е добра основа врз која Г-динот Груевски и Г-динот Самарас треба да седнат на заедничка маса и да се потрудат да постигнат компромис.
Решението на овој спор придонесува кон заедничка иднина на земјата, меѓуетничките и меѓусоседските односи, стабилноста и сигурноста но и економскиот развој, изјави за НОВА Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ.




