НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Синовите на Силвана Бонева ги купиле двата стана во ист ден

0
By Нова ТВ on January 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


„Во недостиг на одговор како во денешно време во ист ден се купуваат два стана во центарот на Скопје за околу 360 илјади евра, Силвана Бонева лаже“, рече денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој ги посочи претходните Анкетни листови на координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наследството на кое се повикува Силвана Бонева, во обидите да ја оправда вртоглавата сума од 360 илјади евра изнесува 30 илјади евра. Тоа покажува лично нејзината пријава до Антикорупциската комисија во февруари лани. Две куќи и земјоделски земјишта, за кои до Антикорупциската комисија се изјаснила дека се стекнати со наследство и во вредност од околу 30 илјади евра.

– Координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Бонева во три Анкетни листови по ред наведува имот на деца од 375 евра. И лани во февруари во Анкетниот лист на Бонева стои имот на деца, заштеда од 375 евра.

– Вашите синови во февруари минатата година живееле со вас координаторке Силвана Бонева и при тоа како што вчера јавно изјавивте заработувале по 10, 15 илјади евра по проект, каде се тие пари во овој Анкетен лист од февруари 2013 госпоѓо Бонева?“, праша Шилегов.

„Ако се споредат вашите Анкетни листови од февруари 2013 и денешниот, на 24 јануари 2014, разликата во имотот е 30 илјади евра.

– Од каде тогаш, во меѓу периодот од една година, се појавуваат уште 330 илјади евра?
Вашите синови ги купиле двата стана во центарот на Скопје вредни 360 илјади евра во ист ден! На 17 јули 2013 година. Еве, тоа го покажуваат Имотните листови за тие два стана на име на вашите два сина“, објави портпаролот на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.