НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На мекици во Охрид се заразиле 12 луѓе, над 40 се во самоизолација

0
By Менче Атанасова Точи on June 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дванаесет луѓе во Охрид се заразиле со коронавирус на семејна прослава на која се славело раѓање на бебе, а преку 40 се ставени во самоизолација, потврдија за НОВА во Центарот за јавно здравје во Охрид. Меѓу заболените кои биле на мекици е и таткото на бебето за кој се претпоставува дека е изворот на овој нов кластер. Тој е хосипитализиран во болницата во Битола, со лесна клиничка слика.

„До денес се потврдени 12 позитивни случаи заедно со таткото за кој се смета дека е изворот, а над 40 луѓе се во самоизолација. Таткото на бебето е хоспитализиран со лесна клиничка слика. Меѓу луѓето кои се во самоизолација има и со симптоми, со полесна клиничка слика, но и без симптоми. Направивме преку 20 тестирања, чекаме уште резултати“, велат за НОВА, во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Неофицијално, на прославата за два дена продефилирале околу 200 луѓе. Семејната прослава се случувала во дворот на куќата. Во Центарот за јавно здравје велат дека не знаат колку точно луѓе биле на прославата, туку дека тие вршат тестирање и ги утврдуваат контактите. Сепак, информациите од таткото и епидемилошката анкета, треба да исфрлат податок колку луѓе имало таму.

И во СВР Охрид немаат прецизни податоци колкав број на луѓе дошле да честитаат тие два дена на семејната прослава, но претпоставуваат дека 200 е преголем број. Претпоставките се дека можеби биле стотина. Полицијата не била повикана да интервенира за нарушување на ред и мир за време на настанот.

„СВР Охрид врши контрола врз лицата со решенија за самоизолација и врз лицата кои потпишале изјава за самоизолација по насока на матичен лекар. Меѓу нив се и овие луѓе кои биле присутни на таа семејна прослава“, изјави за НОВА, Стефан Димески, порпарол на СВР Охрид.

Настанот се случил на почетокот на месец јуни. Се уште не се знае колку заболени ќе има од овој нов кластер бидејќи тестирањата се се уште во тек. Некои од луѓето кои биле присутни таму се јавувавале сами со симптоми, а другите ги бараат. Епидемилозите се уште работат на овие случаи и целокупната слика за овој кластер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.