„Зоран Заев наместо да се крие зад вавки празни соопштенија, конечно треба да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања кои јавноста долго време ги очекува“, побара ВМРО – ДПМНЕ.
– Дали е морално и политички одговорно да се доделуваат тендери на фирмите на неговите роднини, блиски пријатели и бизнис партнери на Заеви?
– Зоран Заев треба да одговори како е возможно Општина Струмица и нејзните институции да и доделат 11 јавни набавки со вкупна вредност од над 1 милион и 600 илјади евра на фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ, во која како сопственик се појавува личниот пријател и бизнис ортак на братот на Зоран Заев, Вице Заев?
– Зоран Заев треба да одговори како е возможно покрај фирмите на неговиот татко, чичко и или пак братучед, тендери со милионски суми да добивала и фирмата на неговиот близок соработник и бизнис партнер Јавор Шпед ДООЕЛ?
Зоран Заев конечно треба да даде одговор уште колку фирми од неговото семејство или фирми на неговите бизнис соработници се вплеткани во најголемиот тендерски скандал, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Еве ги сите 11 јавни набавки кои ги добила Јавор Шпед ДООЕЛ:

.jpg)












