Бројот на заразени со коронавирус , од мекиците во Охрид се искачи на 20, а 80 луѓе се контакти ставени во изолација. Се зголемува бројот на новозаболени од семејната прослава на која се славело раѓање на бебе, во двор во семејна куќа. Според информациите на надлежените на прославата за два дена продефилирале 200 луѓе.
Меѓу заболените е и таткото на бебето за кој се претпоставува дека е изворот на овој нов кластер. Тој е хосипитализиран во болницата во Битола, со лесна клиничка слика.
“Бројот на новозаболенис е зголемува. На почетокот во епидемилошката анкета навеле само 30 контакти, но како почнаа да се позитивизираат се јавуваат нови контакти. Од ЦЈЗ добиваме епидемиолошки анкети на контактите и нивните контакти“, изјави за НОВА, д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.
д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ
Настанот се случил на почетокот на месец јуни. Се уште не се знае колку заболени ќе има од овој нов кластер бидејќи тестирањата се се уште во тек. Некои од луѓето кои биле присутни таму се јавувавале сами со симптоми, а другите ги бараат. Епидемилозите се уште работат на овие случаи и целокупната слика за овој кластер.
Од свадбата во скопско Нерези на која имало 100 гости, досега се дијагностицирани 14 позитивни случаи. Од овој кластер, ДСЗИ има издадено 14 решенија на позитивните случаи, но досега немаат издадено ниту едно решение за контактите бидејќи тие не соработуваат и не ги кажуваат луѓето кои биле присутни на свадбата.
„Епидемилозите досега немаат добиено ниту една епидемиолошка анкета од позитивните случаи за контактите од овој кластер“, вели д-р. Сотирова Бухова.
Младоженците од оваа свадба која се оджа на 31 мај се вработени во Лекарската комора и двајцата се позитивни на Ковид-19. Позитивни се сите од потесното семејство, како и сестрата на младоженецот која е лекарка. Не само што не ги даваат контактите, младоженците вршеле притисок и на своите работни места, зошто информацијата ја пласирале во јавност.
Инаку, ДСЗИ има проблем и со многу други случаи кои се кријат и не ги примаат решенијата за самоизолација. Или не се достапни на телефони, имаат дадено погрешни адреси или не отвораат кога им се доставуваат решенијата, велат од таму. До пред некој ден имало насобрано околу 300 решенија кои не можеле да ги достават. Денес имало 50 решенија, од кои само пет успеале да ги достават на посочените адреси.