НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бујар Османи, вицепремиер задолжен за Москва и Будимпешта

0
By Борјан Јовановски on June 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако ДУИ не застанеше зад Зоран Заев и СДСМ на последните парлементарни избори факт е дека Заев немаше да биде премиер. Нема тука никаква дилема. Бројките беа такви. Победи Груевски. По се што “бомбите отркија за Груевски” тоа е болна вистина иако за неа има многу објаснувања. Од поткуп и уцена на гласачи до сторго контролирана медиуска пропагадна машинерија која во тие времиња беше управувана од Белата палата.

Но еве да речеме дека се било во ред и дека Груесвки освоил 51 а Заев 49 пратеници. Што ќе се случеше ако ДУИ држеше до својот принцип “победник со победник” и останеше со Груевски?

ДУИ е партија која од самото свое основање има една единствена мантра а тоа интеграција на Македонија или етничките Албанци во Македонија во евроатлатските структури. Не случајно на секоја партиска сценографија очи бијат знамињата на ЕУ и САД. Не случајно единствени кои се постојано присутни во јавноста се неколкумина од ДУИ чија едниствена агенда се средби со амбасадори на земјите членки на НАТО и ЕУ. Али Ахмети самиот си ја дефинираше својата политичка мисија единствено во насока на евроатланските интеграции. Затоа никогаш јавноста не видела гласен претставик на ДУИ да учествува во било каква јавна дебата или полемика кога се прашање реформи во здравството, економијата, социјалната политика или било што друго што значи подобар и поквалитетен живот за граѓаните.
Денска на Бујар Османи му се придружи и Изет Меџити со тезата дека ДУИ е таа која го направила Заев премиер.

Зборуваме за истиот човек кој имаше три градоначалнички мандати во кои не успеа да закрпи ни една улица во таа населба најдрско ставајќи до знаење дека тој нема никава намера да се “понижува” себе си и мисиајта на неговиот лидер и да го троши времето на некаков си квалитет на живење на една локална заедница. Тие секогаш биле само “високо” на политичкото небо на кое се разговара за геополтика небаре се фактор кој има некаков глас на меѓународната политичка сцена. Сликањето со кого било само да е од земја членка на ЕУ и НАТО има јасна цел да ги фасцинира етничките Албанци дека тие ( ДУИ) се нивниот Месија кои ќе ја афирмираат албанската кауза во светот.

Конечно Али Ахемти и неговите ударници точно е дека пред етнички албанското гласачко тело денеска можат да се пофалат со тоа дека се дел од влада која на Македонија и обезбеди членство во НАТО и зелено светло за старт на преговри за членство во ЕУ но…Но дали Бујар Османи и Изет Меџити имаат храборост да одговорат како тоа успеаа во нивната мисија. Дали тој успех се должи на нивното шурување со ВМРО ДПМНЕ во обид да се забошотат некои важни реформи особено во правосудниот систем од кои тие заедно со нивните колеги од дестгодишното владење се плашат како од црн ѓаол. Или може би тоа членство во НАТО и зеленото светло за старт на преговори, или нулта точка на градењето на реални перспективи, се случија поради некои храбри политички одлуки од кои бегаа без исклучок сите политички лидери во изминатите 30 години, калкулирајќи со личните и дневно полтички тесно партиски интереси, за на крајот токму Зоран Заев да го пресече тоа јаже кое се стегаше се поцврсто околу гркланот на Македонија? Сите а најповеќе самиот Заев беше свесен за цената која треба да ја плати за овој непопуларен потег за кој инаку сите знаеа дека еден ден ќе требаше да се случи ако оваа држава сака да има било каква перспектива.

Прашањето е се разбира реторичко и тука нема никакви дилеми. Зато денеска Бујар, Али и Изет можат да се фалаат пред својот електорат дека се тие партијата која на Албанците во Македонија им ја испорачува евроатлантската интеграција. Па затоа моето вистинско прашање до Бујар Османи е како тој ја замислуваше својата политичка кариера ако се водеше по бројките и фактот што Груевски освои 51 пратенички мандат? Се прашувам дали тогаш Бујар Османи ќе ја прифатеше фукнцијата вицепремиер за односи со Москва и евентуалано Будимпешта во кабинетот на Груевски и ако одговорот е Да тогаш исто би потпрашал како тоа би се одразило на неговата кариера и популароста во етнички албанскиот електорат.

И да завршам со уште една поента од јавниот истап на Бујар Османи. Да точно е дека Македонија е денска на вистинскиот пат и точно е дека тоа го знае и неговиот потецијален електорат. Овој пат разликата е во тоа што тој електорат на кој нишани Бујар од него не бара да ги слушне баналните мантри за ЕУ и НАТО бидејќи таа работа ја заврши Заев, туку идеи и иницијативи за подобар живот а на таа тема Бујар и Изет немаат баш што многу да кажат. И тоа е вистинскиот проблем на ДУИ кој сега треба да се покрие со удар во грбот на Заев и предизборни пароли за премиер Албанец за кој ќе гласаат, претпоставувам, Тврдокроните со нивните пароли за Чиста Македонија за некој ситнеж од 300.000 евра.

За да има прилики да ги чита приватни писма кои Заев ги добива од Макрон и Меркел и така еветулано да дознае нешто повеќе за европксите интегарции Бујар Османи ќе треба добро да размисли дали неговата полтичка кариера е воопшто можна во некаква колација на ДУИ со Белата палата во која се уште е жив злиот дух на крвавиот 27 април кој стои како мрачна сенка полна омраза и национализам врз едвај подоотворената европска перспектива на Македонија.

Инаку портфељот министер за Моска и Будимпешта се уште е на списокот работни задачи кои би се разделиле во влада на ДУИ со ВМРО ДПМНЕ па ако Бујар Османи ја има таа амбиција да му биде курир на Груевски ете му ја нека повели. Тоа ќе биде драматична сцена на едно политичко самоубиство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.