Вчера попладне ПДП го одржа основачкото Собрание, со што и официјално беше реактивирана најстарата партија на Албанците во Македонија и за претседател го избра Абдулади Вејсели.
Во партијата е и првиот претседател на ПДП, Невзат Халили, кој е именуван за прв човек на партискиот Совет, потоа Теута Лала, Мифтар Зибери, Мевлан Тахири, Хасан Јашари и Земри Елези.
„ПДП излегува на политичката сцена за да продолжи со работа таму каде што застана, бидејќи другите политички партии немаа храброст да направат нешто повеќе. Им се извинувам на останатите членови на партијата за грешките во минатото. ПДП отсега нема да потклекне пред ниедна друга партија, ниту пред македонската страна, туку ќе се бори за правата на својот народ “, рече Абдулади Вејсели, претседател на ПДП.




