НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финале во случајот „Рекет”, денеска ќе бидат објавени пресудите

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По шест месеци и десетици одржани рочишта, денеска во Кривичниот суд Скопје ќе бидат објавени пресудите во случајот „Рекет” во кој првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13, а второобвинета е поранешната шефица на Специјално Јавно Обвинителсство (СЈО), Катица Јанева. Во текот на овој судски процес беа презенитрани низа материјални и вербални докази, а кон крајот на минатиот месец со завршни зборови се произнесоа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на одбраната и обвинетите.

Текот на предметот предизвика голем интерес во јавноста, често изјавите на сведоците, обвинетите или обвинителството беа теми на денот. Поради големиот медиусмки интерес Основниот кривичен суд одлучи пресудата да биде објавена во големата сала на Врховниот суд.

Во описот на обвинителниот акт покренат од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски влијаел врз обвинетата Катица Јанева за таа да донесе поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја”, случај кој го почна поранешното СЈО.

Јовановски и Јанева во своите завршни зборови пред судот негираа вина и рекоа дека не го сториле делото за кое се товарат. Обвинителството, според нив, не изнело докази за делото за кое ги товари и дека целото обвинение е врз основа на исказ на еден сведок – кој е оштетен во случајот. Целиот случај за Јовановски е политичка конструкција, додека за Јанева е клевета.

Судењето за предметот „Рекет” почна на 3 декември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и веќе наредниот ден беше осуден на три години затвор. Јовановски и Јанева, пак, се изјаснија невини и против нив се водеше судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.